Кјелд Нуис ја одбрани титулата од ЗОИ во Пјонгчанг/ фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

ЗОИ Пекинг: Нуис со олимписки рекорд го одбрани златото од Пјонгчанг

Холанѓанецот Кјелд Нуис е ново-стар олимписки шампион на 1.500 метри во брзо лизгање откако триумфира и во Пекинг. Нуис стана првиот лизгач од 1994 година кој успеал да ја одбрани титулата.

Холанѓанецот делницата од 1.500 метри ја помина за 1:43.21 минути и 34 стотинки беше побрз од сонародникот Томас Крол. Бронзениот медал му припадна на Ким Минсеок од Јужна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот