ЗНМ/ Совет за етика на медиумите/ Фото: МИА

ЗНМ и СЕММ: Новинарите да се придржуваат до принципите на одговорно и хумано новинарство

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со оглед на сериозноста и сензитивноста на случајот, апелираат до сите новинари и медиуми доследно да ги почитуваат етичките принципи од Кодексот на новинарите и другите професионални стандарди, притоа внимавајќи на почитување на личната болка на семејствата на загинатите и повредените лица. Информирањето треба да биде засновано на потврдени информации од официјални извори, а сензационалистичките шпекулации и непроверени вести мора да се избегнат, пишува во соопштение на ЗНМ и СЕММ издадено попладнево.

Во таа насока, ги повикуваат медиумите да се придржуваат кон следните принципи:

– Да се избегнува сензационализам – драматични наслови, фотографии и видео-материјали што можат да предизвикаат дополнителна вознемиреност во јавноста.
– Да се објавуваат само проверени информации – пренесени од релевантни извори, добро и двојно проверени, без шпекулации и непотврдени наводи.
– При интервјуирање и снимање сведоци или блиски на жртвите – да се покаже емпатија, почит кон нивните чувства и да се внимава при начинот на поставувањето прашања и водење на разговорите
– Известувањето да биде одмерено и непристрасно – со цел да не се создава дополнителна загриженост во јавноста преку пренагласување или сензационално толкување на случувањата.

„Новинарите треба да се водат од принципите на одговорно и хумано новинарство, имајќи предвид дека нивните извештаи директно влијаат на јавното мислење и психолошката состојба на граѓаните. Ги охрабруваме сите граѓани кои ќе забележат прекршувања на Кодексот да ги пријават преку официјалните формулари достапни на веб-страниците на ЗНМ и СЕММ. Со тоа ќе се овозможи детектирање и евидентирање на медиумите што не ги почитуваат професионалните стандарди“ пишува во соопштението на ЗНМ и СЕММ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот