Знам - За Наша Македонија

ЗНАМ остана на двајца кандидати за градоначалници, ама затоа ќе се бори за советници во 50 општини

Владејачката партија „За наша Македонија“ (ЗНАМ) одржа прес-конференција на која беа соопштени одлуките на Извршниот и на Централниот одбор во врска со претстојните локални избори.

„Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе настапи самостојно на претстојните локални избори со свои листи за советници во повеќе од 50 општини. Централниот одбор ја усвои одлуката за взаемна соработка и поддршка со ВМРО-ДПМНЕ во делот на кандидатите за градоначалници. Оваа одлука значи дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ и во тие општини нема да имаат свој кандидат за градоначалник, а од друга страна Движењето ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ во сите општини, вклучувајќи го и градот Скопје, каде што ЗНАМ нема да има свој кандидат за градоначалник“, рече портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

„За кандидат за градоначалник на Општина Куманово едногласно е избран Максим Димитриевски, актуелен градоначалник на општина Куманово. За кандидат за градоначалник на Општина Центар едногласно е избран Мирослав Лабудовиќ, претседател на Градската организација на Движењето ЗНАМ во Скопје и актуелен заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот