ФОТО: Максим Димитриевски лидер на ЗНАМ - Извор ЗНАМ

ЗНАМ ги промовираше кандидатите за локалните избори: „Нашата борба е за Македонија“

За само 15 месеци од своето формирање, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија се претставува како сериозна политичка сила, а не како привремен проект на политичката сцена. На Конвенцијата што се одржа во Македонската филхармонија, лидерот Максим Димитриевски истакна дека ЗНАМ настапува со концепт, визија и идеи насочени кон чесно и одговорно управување со државата и општините.

„Никогаш нема да се откажеме од Куманово, ниту од Центар, ниту од кое било друго место во Македонија. Нашата борба е за подобро и праведно општество,“ порача Димитриевски, најавувајќи силно присуство на ЗНАМ во сите 53 општини и во Град Скопје.

Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, порача дека влегува во трката поради вербата дека ЗНАМ може да донесе промена. „

Доста е од хаосот во Центар – време е за ново лице, почисто, побезбедно и поуредено,“ изјави тој.

Со порака за враќање на достоинството на главниот град се обрати и генерал Горанчо Котевски, носител на советничката листа за Град Скопје.

„Скопје е во катастрофална состојба поради лошо управување. Подготвени сме да ја преземеме одговорноста за поурбанизирано и поорганизирано Скопје,“ нагласи Котевски.

ЗНАМ за првпат настапува самостојно на локални избори, со листи за советници во повеќе од 50 општини, но и со заемна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничките позиции во Куманово и во Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот