Фото: Инстаграм/nala_cat

Знаете ли која е Нала? Оваа „ѕвезда меѓу мачките“ влезе во Гинисовата книга на рекорди

Нала стана една од најпознатите мачки на Инстаграм со 4,5 милиони следбеници.

Пред пет години таа влезе во Гинисовата книга на рекорди како мачка со најмногу следбеници на оваа платформа и оттогаш нејзината популарност постојано расте.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nala Cat ™ (@nala_cat)

Нала е мешавина од сијамска и табби мачка, а била посвоена од засолниште за животни на само четири месеци. Нејзината сопственичка отворила профил на Инстаграм за да ги сподели моментите кои ги поминува со својот миленик, а благодарение на неодоливиот изглед и шармантната личност на Нала, создаден е бренд за храна за мачки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nala Cat ™ (@nala_cat)

Нала неодамна беше номинирана за омилено милениче во САД, а победникот на овој натпревар ќе добие награда од 10.000 долари и насловна страница на специјализирано списание.

Врз основа на бројните реакции за номинацијата на Нала, за очекување е таа да постигне забележителни резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот