Златото никогаш не било поскапо – цената порасна за 18 проценти од почетокот на годинава

Цените на златото денеска се искачија на новото највисоко ниво од 3.128,06 долари за унца, додека светот се подготвува за нова рунда американски царини, вклучително и тарифи од 25 отсто за сите автомобили произведени надвор од САД, што ќе стапи на сила на 2 април, јавија светските медиуми.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“, а се очекува американскиот претседател да ја искористи оваа можност да го објави својот план за реципрочни царини.

Цените на златото се зголемија за 18 отсто само од почетокот на 2025 година и се очекува тие да продолжат да растат, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот