фото: Карате Федерација на Македонија

Злато за Сара Муадини, бронза освои Софија Топалоска на Балканското првенство во карате за деца

Македонија се закити со два медали на 29 Балканско првенство во карате за деца (30 мај – 1 јуни 2025) што се одржува во Бар, Црна Гора.

Членот на карате клубот „Башкими“ од Куманово, Сара Муадини е балкански првак во категоријата 12 години, -45 кг., оствари победи над Јована Живиќ од Србија (1:0), Лаура Просиќ од Хрватска (2:0), Ламија Демировиќ од Босна и Херцеговина (3:0), Сура Улку Алтун од Турција (1:0) и Хиранур Урај од Турција (3:0).

Софија Топалоска освои трето место во категоријата 10 години, -34 кг., најпрвин триумфираше убедливо со 7:1 против Хрватката Петра Болф.

Потоа, Топалоска ја совлада Ксенија Цицмил од Црна Гора (1:0), па со истиот резултат беше подобра и од Турчинката Туба Елиф Азак.

Во полуфиналето минимално со 1:0 нашата натпреварувачка загуби од Лара Јурачиќ од Хрватска, а во репасажит Топалоска со 3:1 триумфираше против Димитра Пилатоу од Грција (3:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот