фото: rkprolet.mk

Златко Даскалоски е новиот голман на РК Тинекс Пролет

Златко Даскалоски е најново име во таборот на Тинекс Пролет откако искусниот голман денеска и официјално го стави потписот на договорот со новиот клуб.

Според договорот, Даскалоски ќе ги мине следните две сезони во дресот на Тинекс Пролет, а покрај обврските со првата екипа овој искусен чувар на мрежата ќе помага во равојот на голманите во младинскате школа на клубот.

Даскалоски е поранешен репрезентативец на Македонија, голман со богато искуство како на домашната така и на мешународната ракометна сцена. Доаѓа од редовите на Голден Арт, претходно настапуваше и за Бутел и за Вардар, додека од меѓународното искуство има настапувано за Ловќен во Црна Гора, француски Стразбур и за Темишвар во шампионатот на Романија.

Даскалоски е второто засилување на Тинекс Пролет во овој преоден рок, откако веќе потпишан договор и со младиот пивот Стефан Стојчевиќ.

Тренерот Александар Јовиќ на 5 август ќе го одржи првиот собир со што ќе биде означен и стартот на подготовките за новата сезона. Во меѓувреме се очекува да бидат финиширани преговорите за уште неколку засилувања, со што ќе биде заокружен играчкиот кадар со кој Тинекс Пролет ќе настапува во сезоната 2024/25.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот