твитер

ЗЛАТАН е неверојатен: Златан е позитивен, коронавирусот оди во изолација

На сите љубители на фудбалот добро им е познато дека Златан Ибрахимовиќ освен што е фантастичен фудбалер, тој е голем егоцентрик. Токму поради неговото големо его, има доста шеги за него, а кои се слични на тие за Чак Норис.

Состојбата со ширењето коронавирусот во Европа е најкритична во Италија каде е прогласена вонредна состојба, Серија А е суспендирана до почетокот на април, а интересно е што нема ниту еден позитивен случај на коронавирус во Милан.

Тоа беше доволно за фановите на социлјалните мрежи да почнат да тераат мајтап со Златан.

„Вонредни весни. Златан Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус. Коронавирусот оди во карантин на 14 дена“, е шегата која никого не остави рамнодушен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот