Фото: Unsplash

Зимбабве издаде дозвола за убивање на 50 слонови

Зимбабве издаде дозвола за отстрел на најмалку 50 слонови во резерват каде што има три пати повеќе слонови отколку што животната средина може да издржи, соопштија од Управата за национални паркови.

Конзерваториумот „Сејв Вали“ во јужен Зимбабве е дом на околу 2.550 слонови, додека капацитетот на паркот е 880.

Управата на паркот пресели околу 200 слонови во други резервати во текот на изминатите пет години со цел да се справи со популацијата на слонови. Месото од застреланите слонови ќе биде дистрибуирано до локалното население за храна, додека слоновата коска ќе биде предадена на управата на паркот.

Зимбабве е дом на најголемата популација на слонови во светот. Во потрага по храна и вода, тие често влегуваат во населби и доаѓаат во конфликт со луѓето.

Минатата година беше издадена дозвола за убивање на околу 200 слонови, првпат од 1988 година. Месото беше дистрибуирано до заедниците погодени од силна суша, пишува „Њуз24“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот