Љупчо Зиков / Фото: Канал 5

Зиков: Сите сме под натстрешницата, сите сме во дискотеката

Новинарот и аналитичар Љупчо Зиков вечерва во „Само вистина“ на „Канал 5“ се осврна на корупцијата во земјава и за судството како нејзин главен стожер.

„На сите устите им се полни со „реформи во судството“ и тука завршува изјавата. Како реформи во судството? Не јас, граѓаните сакаат да слушнат кој е моделот за реформа на судството? Еден начин е преку ветинг, укинување на Академија за судии и обвинители, не може партиите да бираат кандидати за во Академија и од таму потоа да одат, вие имате системско партиско судство. Се собира се и сешто на Академијата и од таму заседнуваат на фотелјите и ние очекуваме праведно судство. Мора да се знаат контурите на реформите. Србите во Нови Сад по протестите извадија една парола дека „сите се под таа натстрешница што падна во Србија“. Така и ние сме сите во таа дискотека во Кочани“, рече Зиков.

„Зошто мораше источна Македонија да чека толку многу години? Тој автопат се направи во 2015, велеа не се исплати. Ќе имаше повеќе жртви ако низ Џумајлија и Валандовско брдо ќе требаше брзата помош да доаѓа накај Скопје. Да имаше клинички центар во Штип, таму пациентите ќе се третираат во првите минути, или часови. Исто така да имаше клинички центар, ќе имаше и доктори. Ние еден голем број повредени што ги однесовме во странство поради немање капацитет како држава за таа работа, затоа сите сме под натстрешницата и сите сме во дискотеката“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот