Жртва на експресниот пат Прилеп-Градско – возач на товарно возило удрил во ограда

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случила вчера, околу 22:30 часот, на експресниот пат Прилеп–Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино–Велес.

Како што информира СВР Велес, товарно возило „Рено Мастер“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ. (42) од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда. Во обид да го избегне возилото, возачот на друго товарно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки, М.В. (44) од село Трубарево, излетал од коловозот и удрил во метална ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „Рено Мастер“, кој бил итно пренесен во Општата болница во Велес, но набргу потоа, околу 01:30 часот по полноќ, им подлегнал на повредите.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Судска медицина. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот