фото: Roman Knedlik

ЖРК Ѓорче Петров пред елиминација, во последните 15 минути доживеа дебакл во Шпанија

Денеска во првиот натпревар од четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров беа убедливо поразени од Елче во Шпанија со 36:21.

Ваков висок резултат не се предвидуваше во текот на мечот бидејќи македонскиот шампион 45 минути имаше активен резултат, но кога беше најпотребно да се одржат шансите во овој двомеч, попушти концентацијата кај ракометарките на тренерот Симе Симовски.

Домашниот состав имаше подобар старт стекнувајќи предност од 6:1, па во следниот период нашиот претставник намали нешто од негативата на „минус три“ (6:3, 7:4).

Противникот повторно ја преземаше контролата на играта, со нов силен налет и тоа се исплати за највисоки „плус седум“ (12:5, 14:7), а Ѓорче Петров успеа барем до паузата да намали на пристони 14:10.

Ѓорче Петров на стартот од второто полувреме ја намали негативата на 15:12. Но, се дозволи Елче повторно да „избега“ на поголема позитива со низа погодоци и на семафорот стоеја највисоки 20:13.

Тимот на Симовски не се предаваше и направи одлична серија од 5:1 за 21:18 на 15 минути до крајот на мечот. Но, тука како да запре со играта составот на Ѓорче Петров, тоа го казни ривалот со нова серија од 5:0 за 26:18. Незапирливи беа шпанските ракометарки кои доминираа на паркетот, не само што беше „плус осум“, разликата веќе стана и двоцифрена за огромни 34:19 и тука веќе сите дилеми беа решени околу крајниот исход.

За ЖРК Ѓорче Петров пет голови запиша Марија Јанкуловска, а еден помалку имаше Анастасија Николовска. На спротивната страна за шпанскиот претставник најефикасна беше Лиса Опедал со девет погодоци. Реваншот меѓу Ѓорче Петров и Елче ќе се игра на 17 март во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот