
Жозе Мурињо прв кандидат за нов тренер на Бенфика
Во вторникот екипата на Бенфика иако ја имаше фаворитската улога, беше непријатно изненадена на стартот од сезоната во фудбалската ЛШ со пораз на домашен терен од азербејџанскиот Карабах (3:2).
Препорачано
По завршувањето на натпреварот, претседателот на португалскиот клуб, Руи Кошта ја информираше јавноста дека Бруно Лаж веќе не е тренер на екипата.
– Постигнавме договор со Бруно Лаж, тој повеќе не е тренер на Бенфика. Сакам да му се заблагодарам за сè што направи за нашиот клуб, но веруваме дека дојде време за промена. Што се однесува до новиот тренер, очекуваме тој да биде на клупата на Бенфика веќе во сабота – рече Руи Кошта.
Португалските медиуми објавуваат дека Жозе Мурињо е прв кандидат да биде нов тренер на Бенфика.
Мурињо ја започна својата тренерска кариера токму во Бенфика, каде што го водеше тимот само 10 натпревари пред да ја напушти клупата по судирот со тогашниот претседател. Тој се прослави во Порто од 2002 до 2004 година, освојувајќи шест трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2004 година.
Оттогаш ги тренираше Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Рома и Фенербахче.
🚨💣 BREAKING: Benfica are in advanced talks with José Mourinho after Bruno Lage got sacked overnight! ❤️🤍
Understand Mourinho has opened doors to Benfica move as he wants to return to coaching immediately.
The agreement could be sealed soon. 🦅 pic.twitter.com/RL8eZmn5BY
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 17, 2025
Преземено од: Спорт.ком.мк