Израел ракетиран од Иран / EPA-EFE

Животот во Израел се враќа во нормала, ограничувањата за населението се укинати

Израелската војска вечерва објави дека се укинати ограничувањата воведени врз населението за време на војната со Иран, а аеродромските власти известија за „враќање во нормала“ на воздушниот сообраќај.

„Сите области на земјата преминуваат кон целосна, неограничена операција“, се вели во соопштението на војската.

Новите директиви го поништуваат затворањето на училиштата, како и забраната за јавни собири воведена како дел од војната на Израел против Иран што започна на 13 јуни.

Израелската управа за аеродроми објави продолжување на „целосното работење“ на меѓународните аеродроми во Тел Авив (Бен-Гурион) и Хаифа.

„Како дел од враќањето во нормала, укинати се ограничувањата за бројот на дојдовни и појдовни летови, како и за бројот на патници по лет“, се вели во соопштението.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска објави дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот