Фото: Министерство за правда

Жителите на Шуто Оризари добија канцеларија за бесплатна правна помош

Во Шуто Оризари денеска е отворена канцеларија за бесплатна правна помош. Жителите на оваа општина, кои се во тешка финансиска состојба ќе можат да добијат правна помош од адвокат и фер судење, како и да се информираат за правото кое државата го дава во вид на бесплатна правна помош на веб-страницата „Правна помош“.

Во 2022 година биле поднесени 291 барање за секундарна правна помош од кои 231 се одобрени. Примарна правна помош добиле 3330 граѓани, најмногу за семејното право како што се бракоразводни парници, старателство врз деца, оставински постапки, имотни , работни спорови, должничко -доверителски односи за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви од семејно насилство, за спорови со осигурителни компании.

Министерството за правда кое ја отвори канцеларија денеска потпиша Меморандум за соработка со Општината Шуто Оризари.

Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми. Со ова, на граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење. На овој начин покажуваме дека се грижиме за ранливите категории граѓани – изјави министерот за правда Кренар Лога.

На отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош присуствуваа претставници од УНХЦР и Канцеларијата на Совет на Европа. Претставничката на УНХЦР Моника Сандри го поздрави усвојувањето на Законот за матична евиденција со кој ќе се овозможи видливост за 700 граѓани кои водеа децениски битки со системот да добијат правен идентитет, пристап до основните права и достоинствен живот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот