Жеровјане, тетовско / Фото: Општина Жеровјане

Жители на три полошки општини ќе вадат документи во Жеровјане

Во Полициското одделение во тетовското село Жеровјане денеска е отворена канцеларија на Управната служба на МВР во која жителите од регионот на Општините Брвеница и Боговиње ќе можат да извадат лични документи како лични карти, пасоши, возачки дозволи и други услуги од надлежност на полицијата, пренесе „СДК.мк“.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на отворањето на канцеларијата рече дека со овие нови управни служби четириесетина илјади граѓани ќе можат сите потреби од лични документи да си ги остварат многу поблиску до своите домови.

Ова е шесто Полициско одделение каде што се овозможува ваков тип услуги, а вакви канцеларии во руралните средини досега се отворени во Јегуновце, Липково, Сарај, Демир Хисар и Желино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот