ОЈО / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Жител од Трубарево осомничен за загрозување на безбедноста во сообраќајот

Против 57-годишен жител на селото Трубарево Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, на 8 август, по локалниот пат што ги поврзува селата Петровец и Долно Коњари, осомничениот управувал автомобил „мерцедес“ со измината важност на сообраќајната дозвола.

-Бил под дејство на алкохол и брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови. Во таква ситуација изгубил контрола над управувачот, отишол во лево и преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока, па со предниот лев страничен дел од возилото удрил во автомобил „шкода“. Од незгодата со полесни повреди се здобиле возачот и четворица сопатници од возилото „шкода”, меѓу кои две осуммесечни бебиња. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на возачката дозвола од Б-категорија, односно забрана за нејзино издавање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот