Скопското село Арнакија / фото: Википедија

Жител на тетовско тргнал на средба со девојка, ама го пречекале двајца со автоматска пушка

27-годишен жител на тетовското село Церово вчеравечер дошол во селото Арнакија, скопско, мислејќи дека ќе се сретне со девојка со која се допишувал преку социјалните мрежи. Но, таму го пречекале двајца насилници, вооружени со автоматска пушка, кои му се заканувале, а со кундакот од пушката му го оштетиле автомобилот, соопшти МВР.

„Денеска (20.03) во СВР Скопје А.И.(27) од село Церово, тетовско, пријавил дека претходниот ден околу 18:10 часот откако пристигнал во село Арнакија, скопско, а по претходен договор за средба со женско лице со кое се допишувал преку социјални мрежи, бил физички нападнат од две лица кои му упатувале и закани со огнено оружје, а потоа едниот од нив со тврд предмет (кундак од автоматска пушка) му го оштетил неговото патничко возило „фолксваген голф 5“ со тетовски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот