Фото: МИА

Жител на тетовско со нож повредил колега

Вчеравечер во 20:30 часот во тетовското село Камењане, полицајци од локалната станица го уапсиле А.Ј.(22) од истото село, соопшти полицијата.

„Тие постапувале по пријава дека, по претходно недоразбирање, тој со остар предмет му нанел повреди на Ф.С.(35) од истото село, со кого се познавале и работеле заедно“, велат од полицијата.

А.Ј. е задржан во полициска станица и по документирањето на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот