Фото: МВР

Жител на Македонски Брод возел со 1,76 промили алкохол во крвта

Педесет и четиригодишен жител на Македонски Брод бил лишен од слобода денеска во 3:13 часот. Како што попладнево соопшти Министерството за внатрешни работи, при преземање мерки околу претходно случена сообраќајна незгода, во која бил учесник со возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,76 промили алкохол во крвта.

– Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, истакнаа од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот