
Жител на Криволак агресивно се однесувал кон шумски полицајци
Триесет и едногодишен маж од Криволак синоќа бил лишен од слобода поради агресивен однос кон лица од Шумска полиција, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Синоќа во 22 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода 31-годишниот Р.Д. од неготинското село Криволак. Околу 21:30 часот во атар на неготинското село Пепелиште, вработени во Шумска полиција – Неготино затекнале три лица како во патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, товарат исечени дрва. Набргу, на местото пристигнал Р.Д. со уште три лица, кој се однесувал агресивно кон вработените во Шумска полиција и ги спречувал при извршување на службените задачи, појаснуваат од СВР – Велес.
Како што додаваат, дрвата и возилото биле одземени, а Р.Д. бил задржан во полициска станица. По документирање на настанот, како што истакнуваат од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
15мин
-
18мин
-
26мин
-
35мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5