
ЗХГ: Ќе му изработиме финансиска анализа на премиерот за концептот „нула отпад“ и ќе му ја подариме!
Ги пресметале ли во Владата трошоците што ги генерира нашиот здравствен систем какоо последица од труењето по сите основи?! Трошоците од денови поминати во боледување, изгубени работни часови, намалена продуктивност и намалена работоспособност, смрт, губењето на перспективни способни луѓе што не остануваат со нас да ја градат Македонија туку одат својот потенцијал да го дадат во други земји, вклучително омилените за компарација на премиерот – скандинавските, прашуваат од „Зелен хуман град“ по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека предлогот за „нула отпад“ не може да се спроведе во Македонија, која има суштински и егзистенцијални проблеми и е сиромашна земја.
Препорачано
„О2 иницијатива“ со петиција бара „Дрисла“ да остане во надлежност на Град Скопје
Од ЗХГ посочуваат дека за нив нема ништо поскапоцено од човечки живот, а дека на премиерот ќе му направат финансиска анализа колку тоа би чинело.
Нема проблем, ќе му изработиме на премиерот финансиска анализа колку Македонија би ја чинело воведување „нула отпад“ и ќе му ја поклониме пошто ние сме „платени“ за тоа, он не е. Ама откако ќе ја види споредбата во финансии и придобивките не очекуваме ништо помалку од целосно прифаќање на концептот „нула отпад“ и негово доследно спроведување со сите расположливи механизми на власта – велат од ЗХГ.