Вардариште - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ЗХГ: Ќе му изработиме финансиска анализа на премиерот за концептот „нула отпад“ и ќе му ја подариме!

Ги пресметале ли во Владата  трошоците што ги генерира нашиот здравствен систем какоо последица од труењето по сите основи?! Трошоците од денови поминати во боледување, изгубени работни часови, намалена продуктивност и намалена работоспособност, смрт, губењето на перспективни способни луѓе што не остануваат со нас да ја градат Македонија туку одат својот потенцијал да го дадат во други земји, вклучително омилените за компарација на премиерот – скандинавските, прашуваат од „Зелен хуман град“ по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека предлогот за „нула отпад“ не може да се спроведе во Македонија, која има суштински и егзистенцијални проблеми и е сиромашна земја.

„О2 иницијатива“ со петиција бара „Дрисла“ да остане во надлежност на Град Скопје

Од ЗХГ посочуваат дека за нив нема ништо поскапоцено од човечки живот, а дека на премиерот ќе му направат финансиска анализа колку тоа би чинело.

Нема проблем, ќе му изработиме на премиерот финансиска анализа колку Македонија би ја чинело воведување „нула отпад“ и ќе му ја поклониме пошто ние сме „платени“ за тоа, он не е. Ама откако ќе ја види споредбата во финансии и придобивките не очекуваме ништо помалку од целосно прифаќање на концептот „нула отпад“ и негово доследно спроведување со сите расположливи механизми на власта – велат од ЗХГ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот