Жени од Албанија, Косово и Бугарија уапсени во рација во локал на патот Тетово-Гостивар

Денеска во периодот од 02.50 до 04.00 часот, полицајци од Полициското одделение Галате спровеле акциска контрола во угостителски објект покрај автопатот Тетово-Гостивар во атарот на гостиварското село Зубовце, каде одговорно лице е 50-годишниот Р.Б. од Гостивар.

„При контролата биле затекнати и приведени пет странски државјанки (три од Република Албанија една од Република Бугарија и една од Република Косово), кои го злоупотребиле туристички престој и престојувале спротивно на целта“, соопшти МВР.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!