Напад со нож на Железничката станица во Хамбург, Германија / Фото: EPA-EFE/NEWS5 / RENE SCHROEDER GERMANY OUT

ВИДЕО: Жената која бодеше со нож во Хамбург повредила најмалку 17 луѓе, четворица се борат за живот

Германската полиција вечерва соопшти дека во нападот со нож на главната железничка станица во северниот град Хамбург, кој го изврши жена, се повредени најмалку 17 луѓе, јави „Си-ен-ен“.

Четворица од повредените се во критична состојба и се борат за живот по крвавиот напад врз луѓето кои чекале воз во вечерниот шпиц во градот. Уште шестмина имаат сериозни повреди, соопштија службите за итни случаи.

Осомничената, 39-годишна жена, е уапсена на местото на настанот, а на социјалните мрежи е објавена снимка на која се гледа како полицајците ја спроведуваат од местото на бруталниот напад.

„Полицајците ѝ се приближија, а жената дозволи да биде уапсена без отпор“, им кажа портпаролот на полицијата Флоријан Абенсет на новинарите во изјавата што ја пренесе јавниот радиодифузен сервис АРД.

„Досега немаме докази дека извршителката можеби имала политички мотив. Имаме информации врз основа на кои истражуваме дали можеби таа доживувала психолошка вонредна состојба“, рече тој, додавајќи дека полицијата смета дека напаѓачката делувала сама.

Дванаесетмина повредени во напад со нож на железничката станица во Хамбург

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот