Полиција во Германија / Фото: архива

Жена во Минхен со нож напаѓала минувачи, полицијата ја застрела

Во Минхен 30-годишна жена со нож нападнала неколку минувачи и ги повредила околу 20 часот. Полицијата пукала во неа на местото на настанот.

Таа била префрлена во болница и итно била оперирана, но според информациите на Билд, набрзо потоа во болница починала.

На терен се припадници на интервентната единица на минхенската полиција и криминалистичката служба. Полицијата ја опколи целата област. На теренот се уште има завои, а службените кучиња го пребаруваат теренот за траги.

Засега нема информации за мотивот на напаѓачот. Според германскиот весник, жената претходно покажувала знаци на ментална нестабилност.

Засега нема официјални информации за состојбата на повредените, а овој инцидент се случил на Терезиенвизе во Минхен, локацијата каде што се одржува Октоберфест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот