Пари / денари / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Жена од Тетовско дала пари за поткуп, па пријавила во полиција дека ја измамиле

Жена од село во Тетовско пријавила во полиција дека била измамена од луѓе на кои им дала поткуп од 500 евра за да ѝ „средат“ да прима социјална помош, односно надомест за туѓа нега, соопшти МВР.

„На 16.09.2025 во 15:15 часот во СВР Тетово, 59-годишна жена од тетовско село пријави дека била измамена од Х.„Н“ од тетовско и уште едно машко лице за сума од 500 евра. Според пријавеното, во текот на 2024 година тие ја довеле во заблуда дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош – туѓа нега, но за тоа ќе треба да плати 500 евра. Како што е пријавено, таа спремила документи и на крајот на 2024 година добила решение со кое ѝ се одбива барањето, Исто така, според пријавеното, ги известила нив, но тие пак ја убедувале дека набргу ќе ги добие парите, по што го прекинале контактот со неа и таа сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот