Апсење / лисици / Фото: МИА

Зголемен бројот на обвинети и осудени лица во 2024 година

Во 2024 година, во споредба со 2023, евидентирано е зголемување на бројот на пријавените полнолетни лица за 15.6%, кај обвинетите полнолетни лица за 5.3%, а на осудените за 3.5%, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители, во споредба со 2023 година, е зголемен за 15.6%.

Во наведениот период, зголемен е и бројот на обвинетите полнолетни лица за 5.3%, а на осудените лица за 3.5%.

Во 2024 година, во однос на 2023 година, имало за 12.2% повеќе пријавени деца во судир со законот, а за 2.3% помалку осудени деца во судир со законот – сторители на кривични дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот