Белград фото МИА

Зетот на Орбан купил 11 деловни згради во Белград

Иштван Тиборч, зет на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ја предводи групата БДПСТ, со седиште во Будимпешта, купил 11 деловни згради во Нов Белград, пишува Форбс Србија. Компанијата Диофа Фонд Менаџмент, која е купувач на зградите, е дел од групата БДПСТ на Tиборч, а во своето портфолио додаде пет деловни паркови во кои се наоѓаат овие 11 згради за изнајмување деловен простор.

Секој од овие деловни паркови е управуван од посебна компанија. Кога ќе ги погледнете нивните деловни резултати во 2022 година, за кои се достапни најновите финансиски извештаи, можете да видите дека зетот на Орбан купува елитни простории. Во таа година овие пет компании заедно оствариле приход над 35 милиони евра, а оствариле нето добивка над 12,5 милиони евра.

Станува збор за нето профитна маржа од околу 35 отсто, што секако би го израдувало секој инвеститор. Имајќи ја предвид судбината на бизнисот за изнајмување канцелариски простор во текот на 2020 и 2021 година поради пандемијата на корона вирусот и преминот на компаниите кон хибридни или работа од дома, може да се заклучи дека компаниите кои управуваат со овие објекти се на вистинскиот пат да раст, пишува Форбс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот