Володимир Зеленски EPA-EFE/STRINGER

Зеленски за средбата меѓу Путин и Трамп: Секое решение донесено без Украина е решение против мирот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „нема да ја предаде својата земја на окупаторите“ по најавата дека на 15 август на Аљаска ќе се одржи средба меѓу  американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски смета  дека секое решение донесено без учество на Украина ќе биде решение против мирот. Тој и претходно ги отфрли сите предуслови за територијални отстапки.

Трамп навести дека од Украина може да се бара да отстапи територија како дел од мировниот договор со Русија, изјавувајќи пред новинарите: „Ќе има одредена размена на територии“.

„Си-Би-Ес Њуз“, исто така, објави дека Белата куќа се обидува да ги убеди европските лидери да прифатат договор според кој Украина би се откажала од значајни делови од својата територија, вклучувајќи ги регионите Донбас, Херсон и Запорожје.

Зеленски и претходно ги отфрли сите предуслови за територијални отстапки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот