Володимир Зеленски во Осло / Фото EPA-EFE/Javad Parsa /

Зеленски во Париз на состанок со европските лидери: Безбедносните гаранции за Украина во фокусот на разговорите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четврток ќе престојува во Париз, каде ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и лидерите на Германија, Франција и Обединетото Кралство, на поширок собир на сојузниците на Украина.

Во фокусот на разговорите, како што јавуваат француските медиуми, ќе бидат безбедносните гаранции за Украина, тема која во последните недели доминира во дипломатските напори на Западот за ставање крај на руската инвазија.

Средбата ќе ја ко-претседаваат францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој ќе учествува од далечина.

Киев бара силни европски гаранции и можност за создавање мировни сили, предупредувајќи дека Русија би можела да се обиде со нова инвазија дури и по евентуален мировен договор.

Москва, пак, ги отфрла овие иницијативи и тврди дека проширувањето на НАТО кон нејзините граници е една од главните причини за конфликтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!