Зеленски / Фото EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Зеленски во ненајавена посета на Балтикот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува за Литванија, а потоа ќе ги посети Летонија и Естонија во наредните денови, напиша тој во објава на социјалната мрежа Икс, порано позната како Твитер.

„На дневен ред се безбедноста, интеграцијата во ЕУ и НАТО, соработката во електронското војување и беспилотните летала и натамошната координација на европската поддршка“, рече Зеленски.

Зеленски и литванскиот претседател Гитанас Наузеда денес ќе одржат заедничка прес-конференција, соопшти одделно Литванија.

Јавен говор ќе има и Зеленски, соопштија од кабинетот на Наузеда. Ненадејната посета на Вилнус, жесток поддржувач на Киев, доаѓа како што се приближува втората годишнина од целосната инвазија на Русија на Украина.

„Претседателите ќе разговараат за војната во Украина, поддршката за Украина и нејзината интеграција во Европската унија и НАТО“, се вели во соопштението од канцеларијата на Наузеда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот