Володимир Зеленски / Фото EPA-EFE/YVES HERMAN / POOL

Зеленски: Русија подготвува државен удар во Украина со цел да го собори претседателот

Москва сака да посее поделба во украинското општество и да создаде хаос во земјата за да го собори нејзиниот претседател, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од Укринформ.

Украинската новинска агенција се повикува на американската телевизија Блумберг.

„Нашето разузнавање има информации што ги споделија со нас и нашите партнери“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател појасни дека станува збор за дезинформациски план што Русите го нарекле „Мајдан 3“ – повикување на централниот плоштад во Киев, што беше епицентар на револуциите во 2004 и 2014 година. Во втората од овие две револуции беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович, потсетува Укринформ.

„Мајдан за нив значи државен удар, така што јасно е која е целта на оваа операција“, посочи Зеленски.

Украинскиот лидер, кој ја отфрла идејата за разговори со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека украинската Влада нема да се задоволи со проекти за замрзнување на конфликтот во Украина.

Укринформ пренесува дека секретарот на Украинскиот национален совет за национална безбедност и одбрана, Олексеј Данилов, смета дека руската Федерална служба за безбедност сака да почне проруски политички проект во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот