Украински генерал Олександр Сирски со војниците / Фото EPA-EFE/YEVGEN HONCHARENKO

Зеленски поднесе предлог за продолжување на вонредната состојба и мобилизацијата до 6 август

Украинскиот претседател Володимир Зеленски достави до Врховната Рада нацрт-закони за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за дополнителни 90 дена, до 6 август годинава, објавено е на официјалната веб-страница на парламентот на Украина.

Предлог-законите во моментов се разгледуваат од Комисијата за национална безбедност, одбрана и разузнавање, објави Укринформ.

Во предлог-законот за продолжување на мобилизацијата е наведено дека законот ќе стапи на сила на 9 мај, додека продолжувањето на вонредната состојба ќе важи од денот на објавувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот