
Зеленски: Крајот на војната во Украина веројатно според корејското сценарио
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека крајот на војната во таа земја е можен според „корејското сценарио“, но дека тоа не ѝ одговара на Украина од гледна точка на безбедносните гаранции.
Препорачано
„Јужна Кореја е пример за триумф на вредностите. Нејзиниот развој не е соодветен на развојот на Северна Кореја, каде што имаше вистински економски и цивилизациски пад. Јужна Кореја направи скок напред во однос на цивилизацијата, технологијата и економијата бидејќи негува хуманизам“, тврди Зеленски.
Според него, крајот на војната според „корејското сценарио“ е веројатен за Украина, но заканата од Северна Кореја е непропорционална во однос на Русија, а нивото на безбедносни гаранции за Јужна Кореја е многу повисоко, пренесува Укринформ.
„Сè е можно, но мора да се каже дека Јужна Кореја има голем сојузник – Соединетите Американски Држави. И, верувајте ми, тие имаат многу системи за воздушна одбрана кои ја гарантираат нивната безбедност“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.
Тој истакна дека Украина се стреми да добие сигурни гаранции за безбедност, како што се системите „Патриот“ што ги има Јужна Кореја, посочувајќи дека руската закана за Украина е до десет пати поголема од севернокорејската закана за Јужна Кореја.
„Идентичната репродукција на јужнокорејскиот модел е малку веројатно да ѝ одговара на Украина од безбедносна гледна точка“, рече Зеленски, додавајќи дека го почитува економскиот модел на таа земја.