Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Зеленски: Илјадници војници може да бидат распоредени во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во петокот дека илјадници војници може да бидат распоредени во Украина според безбедносните гаранции предложени од нејзините сојузници, откако ќе заврши руската војна против земјата, објави Ројтерс.

Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот рече дека 26 земји ветија дека ќе обезбедат безбедносни гаранции за Украина по војната, вклучувајќи меѓународни сили на копно, море и воздух.

Зеленски: Територијалните отстапки би биле појдовна точка на Путин за понатамошни офанзиви

Макрон првично рече дека тие земји ќе распоредат сили во Украина, но подоцна додаде дека дел од нив ќе обезбедат гаранции останувајќи надвор од Украина, на пример со обука и со опремување на украинските сили.

– Важно е што разговараме за сето ова… тоа сигурно ќе се брои во илјадници, а не само во неколку – рече Зеленски по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, во петокот.

Тој, во одговор на новинарско прашање, додаде дека е прерано да се зборува за конкретни детали.

„Секој западен војник во Украина ќе биде легитимна цел за напад“

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека секој западен војник, распореден во Украина, ќе биде легитимна цел за напад на Москва.

Путин: Какви било западни војници во Украина, Русија ќе ги смета за легитимни цели

Словачка зависи од руската нафта

Во Ужгород, Зеленски рече дека „усогласил чекори“ во пристапните преговори на Украина со Европската унија заедно со Коста. Киев гледа на членството во ЕУ како клучно за својата безбедност и обнова по војната.

Зеленски требаше да се сретне и со словачкиот премиер Роберт Фицо во петокот. Заменик-министерот за енергетика, Роман Андорак, изјави во Копенхаген дека се очекува Зеленски да разговара со Фицо за постепено укинување на испораките на руска нафта преку Украина.

Словачка е силно зависна од испораките на нафта од Русија преку нафтоводот „Дружба“, чијашто инфраструктура беше нападната од украински дронови, предизвикувајќи повторени прекини во снабдувањето што ја разгневија Братислава.

Братислава сака да ги нормализира односите со Москва

Фицо се сретна со Путин во вторникот во Пекинг и изјави дека Братислава сака да ги нормализира односите со Москва.

Украина ги повика другите земји да престанат да купуваат руска нафта за да ѝ се одземат на Москва средствата за водење на војната.

Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на европските лидери во четвртокот дека мора да престанат да купуваат руска нафта, според изјава на претставник на Белата куќа.

Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот