Володимир Зеленски во Осло / Фото EPA-EFE/Javad Parsa /

Зеленски го разреши шефот на Управата за државна безбедност по неуспешниот обид за атентат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти Серхи Руд, шеф на Управата за државна безбедност , два дена по неуспешниот обид за атентат врз украинскиот лидер, пренесува Ројтерс.

Зеленски издаде указ за разрешување на Руд, но не прецизираше кој ќе го замени на чело на УДО.

Во вторникот Службата за безбедност на Украина (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (СБУ), кои заедно со уште тројца обвинети беа осомничени дека подготвувале обид за атентат на претседателот на Украина, шефот на СБУ, Василиј. Малјук, началникот на Главната разузнавачка управа, Кирил Буданов и други високи функционери по инструкции на руските специјални служби.

Како што беше соопштено, контраразузнавањето и истражителите на Службата за безбедност на Украина ги спречија „плановите на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) за елиминирање на претседателот на Украина Володимир Зеленски и други претставници на највисокото воено и политичко раководство на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот