Зелената салата одгледувана во вселената е вкусна како и марулата на Земјата (ВИДЕО)

Во списанието „Frontiers in Plant Science“, објавена е студија според која зелената салата одгледана во вселената освен што е вкусна, хранлива е и безбедна за јадење како и зелената салата што ја јадеме на Земјата.

Астронаутите одгледувале зелена салата во периодот помеѓу 2014 и 2016 година. Научниците на НАСА ја споредиле контролата на Земјата за да ги реплицираат истите растечки услови за споредба.
По завршување на првиот експеримент, во 2014 година, салатата одгледувана на Меѓународната вселенска станица (ИСС) била испратена во вселенскиот центар „Кенеди“ за анализа. По темелниот преглед на зелената салата, истражувачите заклучиле дека разликата меѓу неа и онаа што се одгледува на Земјата е минимална.

„Вселенската салата“ содржела малку повисоки нивоа на бактерии, но ниту една од нив не била опасна за здравјето на луѓето, како што се ешерихија коли или салмонела.

NASA

Растењето храна во одржлив, безбеден систем,ќ ќе стане круцијално кога НАСА ќе започне со подолги мисии.

„Да се ​​биде во можност да одгледуваме безбедна и свежа храна како додаток на спакуваната храна за астронаутите во вселената е важна цел на НАСА“, пишува списанието.
Се покажало дека одгледувањето зелена салата е далеку поедноставно од одгледувањето други видови зеленчук.

„Ќе мора да обезбедиме слични услови за растење на доматите, компирите и пиперките и се надеваме дека ќе почнеме со одгледување во тековната и во следната година“, рече Кристина Кодадад, автор на студијата и научник во вселенскиот центар „Кенеди“, пренесува ScienceAlert.
„Со оглед на тоа што на овој вид зеленчук му е потребно подолго време да се одгледува, односно 80 дена во споредба со 28 дена што се потребни за салатата на Земјата, ќе ни требаат многу повеќе ресурси и повеќе дарежливи инвестиции“, додаде таа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!