Самостојна изложба на Митко Гогов

Здружението „Контекст“ реализираше неколку културни настани во Струмица

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ во текот на декември реализираше неколку активности. Меѓу нив се проекцијата на долгометражниот музичко-документарен филм „The Hip“ на Јане Алтипармаков, 15. издание на „Роднокрајни поетски средби“ во Европската куќа во Струмица, каде се претставија десетина роднокрајни поети од неколку генерации, третото издание на поетската манифестација „Валандовско поетикување“ во Центарот за култура во Валандово, каде освен роднокрајните поети од Валандово, Струмица и регионот специјален гостин беше грчкиот поет Петрос Голицис.

Предновогодишно, како завршен настан за оваа година, дел од проектот #ЅидНаУметноста беше реализирана деветтата изложба со наслов „Апстракториум“ на Митко Гогов.

Струмичани во текот на годината имаа можност да ги видат и делата на Стефан Јакимовски, Кирчо Арсовски, Марија Трпеска, Виктор Јаневски, Христина Мазнеска, Миле Ничевски, годишната изложба на плакати на „100 Илјади поети за промена“ и Ѓорги Динев.

„Роднокрајни поетски средби“ во Струмица

– Задоволен сум од реализацијата на сите проекти, настани и гостувања кои ги имавме како здружение оваа 2023 година, голема благодарност до сите учесници, соработници и поддржувачи. Се надевам дека делумно ќе продолжиме со одредени активности кои веќе прераснаа во традиција, но секако дека во листата ќе се најдат и сосема нови идеи кои ќе комуницираат со нашата публика.

Благодарност и до „Културен печат“ што редовно информираше за сите поважни настани, бидејќи ваквата соработка е клучна за промоција и децентрализација на културата – истакнува Митко Гогов.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 211, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 30.12.2023 – 02.01.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!