Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Здравствената состојба на Бајден се подобрува, заразен е со лесно преносливиот омикрон од видот БА.5

Американскиот претседател Џозеф Бајден веројатно се заразил со лесно пренослив сој на коронавирусот и сега има болки во телото и грлото, објави денеска неговиот лекар.

Видот, познат како БA.5, е изданок на сојот омикрон што се појави кон крајот на минатата година и се верува дека со него се заразени повеќето од позитивно тестираните на коронавирусот во земјата.

Лекарот на американскиот претседател, Кевин О’Конор, кажа дека претходните симптоми на Бајден, кои вклучуваат течење на носот и кашлица, станале „помалку проблематични”.

Виталните знаци на Бајден, како што се крвниот притисок и брзината на дишење, „остануваат сосема нормални”, напиша докторот.

О’Конор додаде дека прелиминарните резултати од секвенционирањето што укажуваат на варијантата BA.5 не влијаеле на планот за лекување на Бајден „на кој било начин”.

Бајден излезе позитивен на коронавирусот во четвртокот наутро, соопшти Белата куќа, додавајќи дека 79-годишниот претседател почнал да зема паксловид, антивирусен лек што треба да ја ублажи формата на болеста.

Претставници на американската администрација истакнаа дека неговите симптоми биле благи бидејќи има примено четири дози од вакцината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот