
ФОТО | „Здраво школо“: Децата на македонските познати личности кои денеска се првачиња
Први септември секогаш буди најсилни емоции, ден кога најмалите ја започнуваат својата образовна авантура, а родителите со гордост ги испраќаат кон училишните клупи. Оваа година, меѓу првачињата се најдоа и децата на неколку познати личности од Македонија.
Препорачано
Манекенката Катарина Ивановска ја сподели радоста што нејзината ќерка Кира тргнува на училиште. На социјалните мрежи објави фотографија со емотивна порака: „Здраво школо“.

Актерот Атанас Атанасовски исто така има причина за гордост – неговиот син Павле стана прваче. Неговата сопруга Александра објави фотографии од семејниот момент исполнет со возбуда.


Водителот Миро Кацаров, заедно со сопругата Ивана, ја испратија малата Миа. Иако е ќерка на Ивана од претходниот брак, Миро често нагласува дека ја доживува како свое дете.

На овој значаен ден, и синот на познатиот инфлуенсер Драган Тапшанов го направи првиот чекор во училишниот свет, што предизвика бројни честитки од неговите следбеници.

