Фото: Принтскрин/Инстаграм/Здравко Чолиќ

Здравко Чолиќ денеска слави роденден: Најголемиот балкански шармер полни 73 години

Најголемата машка регионална музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ, денеска слави роденден!

Познатиот пејач полни 73 години, во што малкумина би поверувале поради неговата енергија и виталност.

Повеќечасовните концерти на Чолиќ се музички спектакли каде се испреплетуваат моќната интерпретација, препознатливиот вокал, незаменливата енергија и неодоливиот шарм, кои му се припишуваат на Чолиќ од самиот почеток на неговата кариера.

Како што е општо познато, Чолиќ е на естрадата веќе пет децении, но успева да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста. Со сопругата Александра е во брак 20 години и имаат две ќерки Уна и Лара. Тие се венчале на 1-ви мај, а како што еднаш кажа музичарот, речиси сите мислеле дека тоа е скриена камера, бидејќи правеле традиционална сведбена церемонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот