Фото: Wikimedia Commons

Здравјето на Морган Фримен е сериозно нарушено: Трпи болки, страда во тишина

Пријателите на легендарниот актер Морган Фримен открија дека неговото здравје е сериозно нарушено.

Фримен на крајот на јули се појавил на настан и изгледал слабо, а како што наведуваат медиумите, тој изгубил дури 11 килгорами, пренесува „Дејли стар“.

Фото: Flickr

На тој настан, 86-годишниот актер бил забележан во сив костум и сина кошула, со капа на главата и  големи темни очила за сонце, а рацете ги држел зад грб. Според информациите на порталот „Радар онлајн“, неговите пријатели се повеќе се загрижени за него. Еден пријател изјавил дека Морган сè уште е еден од „највредните луѓе во Холивуд“.

– Трпи неверојатни болки. Го боли кога оди, кога станува од стол, па дури и кога само ги мрда рацете. Главно страда во тишина, но најчесто е во агонија – објаснил изворот.

Друг извор за споменатиот сајт изјавил дека актерот изгубил 11 килограми во изминатите две години, како и дека неговиот апетит исчезнува поради болките.

Актерот, инаку, поради инфекција беше принуден да го откаже патот во Бритнаја, каде што требаше да се појави на промоцијата на филмот „Special Ops: Lioness“.

Сепак, неговиот портпарол инсистираше дека тврдењата на наводниот пријател се лажни.

Морган Фриман на отворањето на Светското првенство во фудбал 2022 / Фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Морган доживеа речиси фатална сообраќајна несреќа во 2008 година, по која неговата лева рака остана парализирана и оттогаш носи компресивна ракавица на раката за да се осигура дека крвта продолжува да тече до екстремитетот.

ФОТО | Причината е трагична: Морган Фриман носеше само една ракавица на трогателниот настап во Катар

ВИДЕО | Морган Фримен е на црната листa на Путин: Еве зошто

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот