Profimedia
Profimedia

Здравје во вашата чинија: Пролетни зеленчуци што треба задолжително да ги јадете

Овој период од годината е најбогат со дарови од природата што мора да се често присутни во менито, затоа што на тој начин му обезбедувате на организмот здрава храна, која го снабдува со корисни материи.

Бенефитот од консумација зеленчук е најголем ако го јадете во свежа состојба како салати или, пак, лесно обработен, без долга термичка подготовка. Сега кога го има во изобилие, вистинска штета е да го изоставите и да се храните со тешка храна.

Праз

pexels

Овој зеленчук што успешно се одгледува кај нас, има убав вкус и се комбинира со свежите пролетни салати. Исклучително е богат со витамини Ц, Б1, Б2, како и минерали магнезиум, калиум и фосфор. Исто така стеблото му е богато со каротен, кој е природен антиоксидант. Со него можете да направите салати, но и да го додадете во пити, чорби и други јадења.

Блитва

pixabay
Блитвата во последните години сè почесто се користи кај нас. Таа има темнозелени листови и бело стебленце, а е богата со витамин Ц и К, кои се неопходни за засирување на крвта. Во неа има и многу калциум, кој е добар за коските, железо, кое го одржува нормално нивото на хемоглобин во крвта. За разлика од цвеклото, овој зеленчук го има порано, уште од април. Вкусот е сличен
на спанаќ, па може да биде додаток во салати, да се бланшира, да се подготви како чорба или пролетна супа. А проја со блитва е нешто неверојатно вкусно.

Рукола

pexels

Овој листест зеленчук има малку горчлив, но пријатен вкус и е најдобар во свежа салата. Може да ја најдете во текот на целата година, не само напролет. Освен во салата, руколата е совршена за подготовка на песто, или како гарнир со риба.

Аспарагус

pexels
И овој зеленчук е достапен во текот на целата година, но најдобро е да се јаде напролет. Богат е со витамини од групата Б, содржи и фолна киселина, витамини Ц и К, како и многу микроелементи. Единствен недостаток му е високата цена. Можете да го подготвите на разни начини – во салати, пире, омлет, паста и како прилог со други јадења. Најважно е дека не треба да се обработува долго.
Доволно е да биде бланширан во врела вода или кратко потпечен на скара или во грил тава со малку путер.

Спанаќ

Unsplash

Иако сме навикнати да го готвиме на традиционален начин, во тава, со малку ориз, некој става и цели јајца одозгора, па потоа потпечен во рерна, сепак може да се јаде и свеж во салата. Богат е со витамини А, Е, Ц, К, каротин, железо и други микроелементи. Ако листовите се млади, тогаш можете кратко да ги пропржите на малку путер или масло и да ги додадете во некоја салата.

И за крај, салатите збогатете ги со изртени семиња од пченица, ’рж, јачмен, овес и сл. Не само што ѝ додаваат на храната корисни состојки, туку вкусот го прават неверојатен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!