Фото: snestorovska.com

Здрав десерт од Стефанија Несторовска: Кокос чија пудинг

Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, денеска ни приготви лесен и здрав десерт со неодолив вкус – кокос чиа пудинг.

Состојки:

  • 1 конзерва кокосово млеко
  • 1/4 (60 мл) шолја млеко од јаткасти плодови или вода
  • 5 лажици чија семе
  • 1 лажица агаве (или повеќе зависно колку благо го сакате)
  • 1/2 лажичка ванила (опционално)
Фото: snestorovska.com

Подготовка:

Во голем, длабок сад додадете ги сите состојки.

Убаво промешајте, покријте го садот и оставете го во ладилник.

По 15 минути промешајте уште еднаш убаво и повторно вратете во ладилник најмалку 2 часа или преку ноќ.

Пред консумирање, сервирајте и додадете топинзи по желба. Свежо овошје, јаткасти плодови, путер од јаткасти плодови, гранола и слично…

Можете да чувате во ладилник до 4 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот