Затворени сендвичарница во Аеродром и ресторан во Влае поради сомнеж за труење со салмонела

Откако се појавија неколку случаи на труење со опасната бактерија салмонела и по инспекциска контрола спроведена во неколку објекти каде што се служи храна, донесена е одлука со која привремено се става клуч на врата на позната сендвичарница во скопската населба Аеродром и еден ресторан во населбата Влае.

Досега регистрирани биле девет случаи, од кои пет лица со наод на салмонела, три со гастроентероколитис и едно со труење од храна.

Од пријавените случаи, четири се хоспитализирани во болница.

Директорот на АХВ најави засилени инспекциски контроли во Скопје, но и низ државата.

Апелот од надлежните е граѓаните да внимаваат што и каде јадат, бидејќи високите температури се причина повеќе за ширење на бактерии и заразни болести.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот