Пожар во Скопско / илустрација / Фото: Читатели на „Слободен печат“

Се разгоре повторно пожарот кај Блаце поради што сообраќајот е целосно во прекин, затворен и граничниот премин

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин „Блаце“.

Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

-Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП „Блаце“ до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста, информира МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот