
Затемнувањето на Месечината на 5 мај ќе им донесе промени на следниве хороскопски знаци
Во петок, на 5 мај, ќе има полна месечина во знакот на Шкорпија, но и затемнување на Месечината, прво од двете оваа година. Ова ќе биде најголемото затемнување од февруари 2017 до септември 2042 година. Астролозите веруваат дека затемнувањата отвораат кармички период од 28 дена во кој буквално се може да се случи. Полната Месечина и нејзиното затемнување ќе имаат силно влијание врз сите нас, но кај овие четири знаци ќе се почувствува најмногу: Бик, Лав, Скорпија и Водолија.
Препорачано
Бик
Дали постои личност во вашиот живот што во последно време многу ви е на ум? Ова може да биде вашиот деловен партнер, најдобар пријател, сакана личност или дури и вашиот најголем непријател. Без разлика за кого станува збор, ова затемнување ве поттикнува да еволуирате во односот со оваа личност. Ако ситуацијата меѓу вас е тензична или лоша, можеби конечно ќе бидете подготвени да расчистите со некого и да излезете од таа токсична врска. Ако, пак, ситуацијата е добра, можеби сте подготвени да се посветите дополнително на оваа личност и да ја подобрите вашата врска. Сепак, можно е и да не ја промените суштински врската, туку да ви се промени перспективата. Треба да размислите што можете да направите за да имате поздрав, похармоничен и покорисен однос.
Лав
Дали има хаос и непредвидливост во вашето семејство или дом? Ова затемнување може да доведе до големи промени во семејната динамика и вашата животна ситуација. Можеби ќе се преселите во друг стан, па дури и во друг град, или можеби вашето семејство ќе стане побогато за еден член. Промените што ве очекуваат се поврзани со нешто многу убаво, смеа, убавина и љубов, а тие имаат моќ да ги излечат вашите трауми од детството. Што и да се случи, знајте дека тоа ќе донесе многу нови можности во вашиот живот. Универзумот ве приближува до типот на дом што отсекогаш сте го посакувале.
Скорпија
Вие ќе бидете во центарот на ова затемнување. Дури и да не сте расположени за се што ќе донесе, промените без разлика ќе се појават. Ќе излезете од вашата комфорна зона и тоа ќе ве принуди да преземете акција. Можно е да се изненадите со вашето однесување, бидејќи тоа ќе биде прилично непредвидливо. Ова е моментот кога ќе има пресврт во вашиот живот. Меѓутоа, достигнувањето на крајот на едно поглавје значи и почеток на следното. Дајте си доволно време да се подготвите и да се соберете за новите околности што ќе следат во вашиот живот.
Водолија
Дали сте нервозни за вашата кариера и работа? Дали сте ја надминале вашата моментална позиција и се чувствувате подготвени за нешто ново? Ова затемнување се случува во вашата 10-та куќа на кариерата и може да доведе до промена на работното место или пак, унапредување. Можеби и целосно ќе ја смените кариерата. Што и да се случи, ова ќе ја отвори вратата за многу повеќе можности во иднина. Универзумот едноставно ве приближува до видот на кариерата што од секогаш треба да ја имате.