Фото: europa.eu

Затаила во борба против корупцијата: ЕК не одобри исплата на сите пари за Бугарија

Бугарија сега има рок од еден месец да одговори на забелешките и ако по добиениот одговор ЕК оцени дека препораката се уште не е исполнета, тогаш ова исплатата ќе биде суспендирана за уште шест месеци.

Зо второто барање на Бугарија за исплата на средства во рамките на Механизмот за опоравување и отпорност (РРФ), Европската комисија денеска даде позитивна оценка, иако тврди дека едно барање поврзано со телото за борба против корупцијата не е исполнето, поради што реши да одобри само делумна исплата на поддршката, објави bnr.bg.

„Станува збор за постапка за делумна исплата, при што во оваа фаза не ја објавуваме сумата, но испративме писмо до Бугарија во кое ги информиравме за износот што ќе биде суспендиран доколку оваа препорака не биде исполнета“, рече портпаролот на ЕК за кохезија и реформи Мачеј Берестецки.

Тој додаде дека Бугарија сега има рок од еден месец да одговори на забелешките и ако по добиениот одговор ЕК оцени дека препораката се уште не е исполнета, тогаш ова исплатата ќе биде суспендирана за уште шест месеци.

На прашање за потврда на износите што го соопшти бугарскиот премиер Росен Жељазков, кој изјави дека Европската комисија во рамките на РРФ на Бугарија ќе и исплати 440 милиони евра, додека преостанатите 200 милиони засега ќе останат замрзнати, Берестецки повтори дека во оваа фаза ЕК нема да соопшти за колкава сума станува збор, додавајќи дека таа им е позната на бугарските власти и не претставува изненадување ако тие ја обелоденат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот